„СИСТИНА СТОМАТОЛОГИЈА“ ПОВТОРНО ДОСТАПНА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ

15.05.2020

Почитувани пациенти,

Ве информираме дека стоматолошката ординација „Систина стоматологија“ започнува со работа од понеделник, 18.05.2020. Ординацијата е отворена од понеделник до петок во период од 08:30 до 16:30 часот. За време на викенд се примаат исклучиво итни пациенти по претходна консултација со стоматолозите.

„Систина стоматологија“ ги почитува сите засилени мерки за заштита и превенција од коронавирусот, како за вработените, така и за пациентите.

Работата на ординацијата ќе се одвива според утврден протокол за работа во услови на активна пандемија од Ковид – 19 и при тоа за ваша и наша безбедност ќе има промена во нормалниот режим на работа. Ве молиме почитувајте ги следниве препораки:

  • За да го закажете вашиот преглед, задолжително е претходно да се јавите на телефонскиот број 02/ 30 99 500
  • Заради зголемена безбедност, термините ќе бидат планирани со 45 минути период помеѓу нив што значи дека ќе ви бидат понудени помалку термини и затоа ве молиме за разбирање.
  • Квалитетот на здравствената услуга во однос на заштита и безбедност на пациентот и докторот е на највисоко ниво во која е вклучена пред сè заштитна опрема на докторот и пациентот, стерилизација на инструментите и целокупната апаратура, целосна дезинфекција на ординацијата и УВ деконтаминација на воздухот пред и после секој пациент поради присуство на аеросоли.
  • Ве замолуваме да дојдете точно на утврдениот термин.
  • На прегледот е потребно да дојдете сами, без придружба, освен за мали деца, стари изнемоштени лица и лица со посебни потреби.
  • Задолжително носите заштитна маска.

Ви благодариме на довербата. Тимот на „Систина стоматологија“ продолжува да се грижи за вашето орално здравје.