Технологии
Во состав на „Систина стоматологија“ работи и 3D рендген кабинет кој располага со ORTHOPHOS XG 3D, кој e најсовремениот панорамски рендген-апарат кој овозможува висок квалитет на слики и помала доза на зрачење кон пациентот дури и до 60%. Оваа технологија обезбедува 3D панорамска слика на пациентот со што се добива точна дијагноза и можност за прецизни стоматолошки процедури. Овозможува најсовремена компјутерски водена имплантологија.
TENEO е најсовремениот стоматолошки стол во светот кој нуди максимална удобност на пациентите. За време на интервенцијата пациентот може да се релаксира благодарение на функцијата за масажа која овој стол ја поседува како своја карактеристика. Исто така, за поголема удобност и опуштање пациентот може да гледа телевизија или, пак, да ја следи работата на стоматологот преку специјален монитор како дел од опремата.