Амалгамски пломби: Дали се ризични по здравјето?
20.02.2020
Стоматолошки амалгам е материјал кој се користи за дефинитивно пополнување на кавитетите на забите. Пломбите направени со амалгам, исто така, се познати како сребрени пломби. Со текот на годините е зголемена загриженоста во врска со употребата на амалгамските пломби поради тоа што содржат жива. Тука се и одговорите на некои општи прашања во врска со стоматолошкиот амалгам. Д-р Марио Илковски стоматолог
Што е амалгам ?
Амалгам е комбинација на метали, што се користи во стоматологијата повеќе од 100 години. Сѐ уште се користи и денес. Иако тоа понекогаш се нарекува “сребрен амалгам”, амалгамот всушност се состои од комбинација на метали: сребро, жива, калај и бакар и мали количества на цинк, индиум или паладиум.
Темната боја на овој материјал е една од причините што се користи поретко отколку во минатото. Амалгамот е поевтин отколку другите материјали и исто така во некои ситуации држи подобро со текот на времето, особено во заби кои се подложени на голем џвако-притисок.
Колку е безбеден амалгамот ?
Милиони луѓе имаат амалгамски пломби. Загриженоста е подигната поради присуството на жива во амалгамот.
Во текот на годините се направија многу студии во врска со ова прашање. Во 2009 година, во САД, Прехрамбената и Лекарската администрација (FDA) го оценуваа ова истражување. Тие не најдоа причина за да се ограничи употребата на амалгамот. ФДА заклучи дека амалгамските пломби се безбедни за возрасни и деца над 6 години.
Сепак, некои други групи побарале од ФДА да размисли во однос на безедноста на овие пломби.
Зошто живата се користи во амалгамот ?
Жива се користи во амалгамот, бидејќи им помага на материјалите за пополнување да станат меки. Кога таа се меша со алуминиумскиот прав, се создава соединение кое е доволно меко да може да се притисне и аплицира во забот. Но тоа, исто така, се стврднува брзо и може да издржи силно гризење и џвакање .
Зошто е загриженоста за живата во амалгамот ?
Живата е метал кој се јавува природно во животната средина. Жива може да постои како течност, која се користи во многу термометри. Кога ќе се загрее, станува гас. Таа, исто така може да се комбинира и со многу други материјали.
Сите ние сме изложени на жива преку воздухот, водата за пиење, почвата и храната. Живата влегува во воздухот од индустриските гранки, издувните гасови и од сите тие извори може да навлезе во човечкиот организам .
Како и со повеќето супстанции, степенот на штетата предизвикана од живата во телото е поврзана со количината на истата. Многу ниско ниво не предизвикува никакви штетни последици. На повисоко ниво – на пример, кога работниците се изложени на жива преку своите работни места – живата може да предизвика неколку симптоми вознемиреност, раздразливост, губење на меморијата, главоболки и замор. Истражувањата покажале дека количината на жива што се ослободува од пломбите е помала од количината на што повеќето луѓе се изложени во нивната секојдневна животна средина или во храната што ја јадат.
Дали некои луѓе имаат алергиски реакции на амалгам ?
Во ретки случаи, луѓето имаат алергиски реакции на живата во амалгамот. Американската стоматолошка асоцијација вели дека помалку од 100 случаи биле пријавени на овој тип на алергија.
Дали бремените жени треба да бидат загрижени за амалгамските пломби ?
Истражувањата не покажале никакви здравствени ефекти од амалгамските пломби кај бремени жени. Сепак, живата може да ја премине плацентата. Во принцип, ги советуваме бремените жени да ги избегнуваат амалгамските пломби.
Дали постојат алтернативи за амалгам ?
Секако дека постојат. Во денешно време има многу материјали кои служат за дефинитивно исполнување на забните кавитети, со кои се имитира природната боја на забот и се постигнува извонредна естетика.
Дали треба да се отстранат старите амалгамски пломби?
Истрошените и скршени стари амалгамски пломби треба да се заменат со нови пломби. Како што напоменав, има многу нови материјали со кои што се постигнува висока цврстина и инзвонредна естетика и се со достапна цена за секого.