Ласерско белење на забите за здрава, бисерна насмевка

20.02.2020

Убавата и бела насмевка е секогаш предност за сите. Белите заби се од голема помош и во социјалниот живот. Мажите со бели заби се секогаш добри придружници, додека жените со убави и бели заби се секогаш навистина многу привлечни. Белите заби долго време се сметаат за пријатели на убавината и доброто здравје. Луѓето со бели заби имаат поголема самодоверба и почесто се смеат. Египќаните биле првите кои користеле паста за заби направена од измелени тревки и оцет. Римјаните, од друга страна, верувале дека урината ги белее забите и го зачувува нивното здравје.

Напредокот на технологијата условува појава на поголем број решенија за здрава и бисерна насмевка. Професионалното белење на забите е најповолната опција. Дури и луѓето со чувствителни заби можат да се подложат на овој третман. Од оваа причина, повеќето пациенти се одлучуваат за ласерско белење на забите и покрај другите опции достапни на пазарот, вклучувајќи ги и „направи сам“ пакетите. Трошоците за ласерско белење може да се повисоки, но пациентите се одлучуваат за третманот поради краткотрајноста и ефикасноста на процедурата.

Што може да ги „обои“ вашите заби?

Д-р Теодор Венинов, стоматолог, објаснува дека најчестите форми на дисколорација на забите се: стареење, хемиски оштетувања и пребојување, кое е најчесто резултат од пушење, консумирање кафе, кока-кола, чај, сокови со вештачки бои, како и црвено вино, иако и одредени лекови можат да предизвикаат значително пребојување на забите.

Постапка за ласерско белење на забите

Постапката на белење почнува со лесно измивање на устата, отстранување на плакот од линијата на непцето и апликација на специјален гел за нивна заштита. Потоа на предната површина на забите се нанесува професионален гел кој е уникатен по тоа што содржи посебна хемикалија која му овозможува на ласерот да го постигне максимумот во белењето на забите. Штом се зацврсти гелот, почнува ласерскиот третман на забите. Светлината од зракот може да ги обели забите дури за 8 нијанси. „Процедурата на ласерско белење на забите вообичаено трае приближно 1 час. Во екстремни случаи е потребно повторување на третманот до неколку пати, поради длабоките дамки на забите кои се најчесто резултат од тетрациклин или други лекови што влијаат на бојата на забите. Крајниот резултат е брзо белење на третираниот предел, чија белина трае подолго од онаа добиена со традиционалните методи на белење. Уште една предност на ласерското белење на забите е тоа што ласерот може да се насочи на конкретна дамка (која е проблематична за белење), или група заби, без притоа третманот да ги зафати сите заби во устата. “ вели д-р Венинов.

Чувствителни заби?

Чувствителноста на забите е честа појава. За разлика од другите опции за белење на забите, овој третман е еднократен и затоа претставува најприфатлива опција за лицата со чувствителни заби. Ласерското белење на забите е безболно, брзо и неагресивно.

Белите и убави заби не може да се заменат. Важноста на белата и убава насмевка не треба да се потцени. Белите заби нудат олеснување на секојдневните социјални и деловни односи. Моќта на белата насмевка влијае на успехот во поставената цел. Доколку ви е потребна услуга, насмевката често е од голема помош. Секако, не посочуваме дека животот е тежок без чисти и бели заби, но третманите за избелување денес не чинат многу. Затоа, зошто да не ги избелите забите и да го решите проблемот со дамките?